Македонија и дефинитивно по две децении пауза повторно добива Министерство за порт, кое треба да донесе развој на мак-спортот по стагнацијата што владее во последните години.
Ова вечерва го потврди новиот Премиер на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, воедно и потврдувајќи дека Министер за Спорт во новата влада ќе биде долгогодишниот ракометен репрезентативец Борко Ристовски.
„Гордана Димитриевска-Кочоска ќе биде министерка за финансии, а актуелниот градоначалник на Општина Аеродром Тимчо Муцунски ќе биде министер за надворешни работи, Златко Перински ќе биде министер за локална самоуправа, Стефан Андоновски за информатичко општество и администрација, додека Борко Ристовски ќе биде на чело во новото Министерство за спорт. Сања Божиновска ќе биде министерка за енергетика, прв човек во земјоделие ќе биде Љупчо Трипуновски. Актерот Зоран Љутков ќе биде министер за култура и туризам, а министерка за образование и наука Весна Јаневска“, изјави мандатарот Христијан Мицкоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА