Силекс денеска (13 часот) гостува во Струмица и ќе го одмери силите со Академија Пандев во еден од дерби дуелите на ова 18.коло. Кратовци по последните добри игри се најдоа на третата позиција на табелата, а посакуваат да останат непоразени и на денешниот меч.
Капитенот Марјан Мицков очекува жесток натпревар на стадионот „Младост“, вистинско дерби, и се надева дека нема да биде одлучено со некоја судиска одлука.
„Ова е вистински дерби натпревар, за нас можеби и како финале на Куп, или нешто слично. Силекс и Академија Пандев се екипи кои се во трка за излез на европска сцена, и токму затоа овој меч е од исклучително значење. Го респектираме тимот на Академија Пандев, за мене тие го имаат најдобриот среден ред во државата, а покрај Хасани и Ибраими, веројатно и најквалитетниот тандем во лигата, Дориев – Балдовалиев. Од друга страна, Силекс има цврста одбрана, па се очекува интересен дуел. Единствено што посакувам е дербито да не биде одлучено со некоја сомнителна судиска одлука. Искрено, од 20 фудбалери во клубот, 18 погодивме дека ќе суди Мечкаровски. Го ценам како арбитар, еден од најдобрите во нашата држава и се надевам дека ќе суди на потребното ниво. Еве, имам и една желба, нека нема пенал денеска во Струмица. Кој е подобар – нека победи“, вели Марјан Мицков.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО (13 ЧАСОТ)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ
ШКУПИ – ВАРДАР
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
ПОБЕДА – РЕНОВА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА