Мизерија на Јунајтед на стартот од сезоната: Брајтон води 0-2 на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Ниту новиот тренер Ерик Тен Хаг, не успеа да го вади Манчестер Јунајтед од мизеријата. Во првиот меч во новата сезона, Јунајтед на домашен терен губи 0-2 на полувреме од Брајтон, кој се покажува дека е „пеницилин“ за некогашниот првак.

Тен Хаг се реши да ги остави Роналдо и Варан на клупата, а да почне со Мегвајер и Мартинез. Јунајтед имаше премногу проблеми во одбраната, а можеше да прими гол уште во 15. секунда по грешката на Далот. Јунајтед имаше шанса преку Фернандес во 7. минута, но го префрли голот.

Во 30. минута Грос успеа да погоди во мрежата по додавање на Велбек и лошата офсајд стапица на Мегвајер. Само девет минути подоцна истиот играч го најде патот до мрежата на Де Геа после противнапад на гостите.

Се вчитува...