Кошаркарите на Реал Мадрид го победија европскиот првак Ефес Пилсен во седмиот натпревар во Евролигата, и така ја продолжи агонијата на турскиот тим, кој остана само на две победи во досегашниот тек на Евролигата. „Кралевите“ одлично го почнаа мечот и имаа седум поени разлика после првата четвртина, а потоа и 11 на полувремето. Гостите од Истанбул во третиот период намалија од разликата, а во финишот Реал имаше повеќе концентрација за конечен триумф од 94-85.
Најефикасен на средбата Клајбурн од Ефес со 23 поени, додека кај Реал Мадрид тоа беше Дек со 13 поени.
Партизан за само неколку дена не успеа по вторпат да победи во Атина. Откако го совлада Панатинаикос, вечерва не успеа против Олимпијакос. Грчкиот тим на крајот победи со убедливи 87-58, а разликата ја направи во текот на целиот меч. Белграѓани само во вториот период добро парираа, додека во четвртата четвртина постигнаа мизерни четири поени, наспроти 19-те на Олимпијакос.
Баерн Минхен со многу мака стигна до победата против Алба со 79-77, а Барселона со 86-79 го совлада Макаби и тоа среде Тел Авив, благодарение на одличната последна четвртина која ја добија со 18-24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА