Еден од најдобрите македонски мотоциклистички клубови „Сајлент Хантерс“ во пресрет на новата натпреварувачка сезона подготви две големи изненадувања за своите фанови. Тимот чиј член е двократниот шампион во БМУ Европскиот шампионат, Синиша Кочоски, од оваа сезона има уште еден амбасадор.
Нов член на мотоциклистичкиот клуб од Македонија е Марко Регаљо, кој своите вештини ќе ги покажува во МХ2 во македонскиот мото-крос шампионат и БМУ Европскиот шампионат. Се работи за 30-годишен натпреварувач од Италија.
Со неговото доаѓање Сајлент Хантерс добива уште еден професионалец и амбициозен мото-крос возач чија цел ќе биде атак на највисок пласман.
Впрочем, така и беше на своето деби. Регаљо имаше одличен настап на првата трка во рамки од македонскиот шампионат. На патеката во Милци во Гевгелија, Италијанецот беше петти во првата трка, додека во втората за првпат се искачи на подиумот и заврши на третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА