Македонската кошаркарска федерација повторно ја доби довербата на меѓународната кошаркарска федерација – ФИБА за организација на уште едно европско првенство. Идната календарска година, 2019, во главниот град на Република Македонија, МКФ ќе го организира Европското првенство, дивизија Б, за кошаркарки до 18 години.
На синоќешниот состанок на централниот борд на ФИБА во Литванија покрај за системот за квалификации за Европското првенство за жени кое се наоѓа на календарот во 2021 година, се одлучуваше и за организирање на сите младински првенства, во сите дивизии.
Македонската кошаркарска федерација, ги пријави националните селекции до 16 години (машки и женски), до 18 години (машки и женски) како и машката младинска селекција до 20 години за учество на Европските првенства во соодветните дивизии.
Кадетската машка репрезентација за играчи до 16 години по големиот успех на последниот шампионат од „Б дивизијата“ во БиХ, во 2019 година ќе настапи во А дивизијата на Европскиот шампионат што од 9-17 август ќе се одржува во италијанскиот град Удине. Машката младинска репрезентација за играчи до 20 години ќе настапи на шампионат од Б дивизијата во Португалија, додека девојчињата на иста возраст ќе играат на шампионатот во Софија. Јуниорите (до 18 години) ги очекува настап во Орaдеа, Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА