Македонската кошаркарска федерација одлучи финансиски да ги помогне клубовите од Првата лига во женската сениорска конкуренција, објави МКФ на сајтот. Распределени се вкупно 500.000 денари, рамномерно на сите единаесет клубови, дојдени од Агенцијата за млади и спорт.
Раководството на Македонската кошаркарска федерација на крајот на минатата сезона успеа да обезбеди средства за клубовите да кои имаат пријавено екипа во барем две младински лиги не плаќаат котизација за учество, а покриени се и трошоците за исплата на таксите за официјалните лица на натпреварите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА