МКФ ги избра селекторите на младинските селекции

Управниот одбор на предлог на Стручниот совет при Македонската кошаркарска федерација ги назначи селекторите за сите возрасни категории, во машка и во женска конкуренција откако сите селектори кои претходно ја вршеа оваа функција беа разрешени.

Најмладите кошаркари, родени 2003 година (М14) оваа година ќе учествуваат на меѓународен турнир во периодот од 24. до 27. август во Словењ Градец, Словенија. Стручниот штаб кој ќе ги предводи младите кошаркари ќе биде во состав:Селектор: Денис ДервишевиќТренер: Марјан ЃуровМентор: Благоја КечовскиКошаркарите родени 2001/2002 година (М16) кои оваа година во период од 10. до 19. август ќе се натпреваруваат на Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одржи во Софија, Бугарија, ќе бидат предводени од:Селектор: Горан ЃеоргиевскиТренер: Никола БожиновскиМентор: Горан Даниловски

Нивните врснички кои оваа година пред домашна публика од 17. до 26 август ќе се натпреваруваат на Европското првенство (Дивизија Б) ќе добиваат совети покрај аут-линијата од:Селектор: Стојна ВангеловскаТренер: Енвер МифтариТренер: Златко Мокров

Кошаркарите генерација 1999/2000 (М18) оваа година ќе бидат дел од Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одржи во периодот од 28. јули до 6. август во Талин, Естонија ќе бидат предводени од стручниот штаб во состав:Селектор: Ѓорѓи КочовТренер: Атанас ДимовМентор: Бранко Андриевски

Кошаркарките родени 1999/2000 година (М18) ќе се натпреваруваат на континенталното првенство во Даблин, Ирска во периодот од 4. до 13. август, а ќе ги води триото:Селектор: Анета ГлигороваТренер: Јордан ЦветановскиРепрезентативните кошаркари до 20 години ќе земат учество на Европското првенство (Дивизија Б) што од 14. до 23 јули ќе се одржи во Орадеа, Романија ќе бидат водени од:Селектор: Мирко ПетрескиТренер: Драган Миленковиќ

Се вчитува...