Кошаркарската федерација на Македонија покрај одлуката за суспендирање на салите на шампионот Работнички и на Вардар ги суспендира и клубовите кои не ги исплатиле долговите кон МКФ во предвидениот рок.
„Согласно одлуката од Управниот Одбор на МКФ од 02.10.2018 година со која на клубовите им беше дадена можност старите доспеани долгови да ги платат на пет рати, како и според член 51 од Пропозициите за натпреварување со кој се појаснуваат санкциите кои следат на клубовите-должници доколку не ги намират своите доспеани долгови (стари и нови) во даден рок се СУСПЕНДИРА од понатамошни натпреварувања во сезоната 2018/19. Со намирување на финансиската обврска суспензијата автоматски престанува да важи“ – стои во соошштението на МКФ објавено на официјалната страница.
Ова значи дека клубовите кои имаат заостанати долгови нема да можат да ги одиграат предвидените натпревари од 2.коло закажани веќе за утре ако во меѓувреме не достават банкарска гаранција за сумата која што ја должат.
Вчера МКФ го известила Работнички дека во Супер лигата нема да може да биде домаќин во салата „Градски Парк“ поради тоа што не ги направил навреме потребните корекции.
За овие проблеми утре на состанок со прволигашите ќе разговара претседателот на Федерацијата, Петар Наумоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА