Новата сезона во кошаркарскиот шампионат ќе стартува во првиот викенд од следниот месец (4 октомври), a раководството на федерацијата се реши за сериозна промена во системот на натпреварување, укинувајќи го четвртфиналето во плејофот што се играше во последните неколку сезони.
Имено, досега по завршувањето на регуларниот дел од сезоната се преминуваше на плејоф разигрување во кое учествуваа најдобрите осум екипи. Со најновите промени, лигата од 12 клуба ќе се дели на две во вториот дел од сезоната, при што во втората фаза ќе се игра еднокружен систем меѓу шесте екипи.
По овие пет кола од втората фаза, најдобрите четири екипи од Супер-лигата ќе разигруваат во полуфиналето од плејофот. Притоа, полуфиналните серии ќе се играат до две победи, додека во големото финале шампионот ќе биде решен со серија „кој прв до три победи“.
Што се одесува до плејаут-разигрувањето, поради намалувањето на лигата, од елитното друштво ќе испаднат најслабите три тима од плејаутот, а во елитното друштво ќе влезе само шампионот на Втората лига.
СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ МТЕЛ СУПЕР ЛИГА – МАЖИ – СЕЗОНА 2025/2026
КАЛЕНДАР ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ МТЕЛ СУПЕР ЛИГА – МАЖИ – СЕЗОНА 2025/2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

