Ненад Димитријевиќ заработи суспензија од шест месеци поради непочитување на повик во националниот тим, беше обелоденето на денешниот состанок на Управниот Одбор при Македонската Кошаркарска Федерација.
Одлуката е донесена од страна на Дисциплинската комирија при МКФ, ФИБА ќе биде известена за истата во текот на утрешниот ден, а казната експресно ќе стапи на сила. Ова практично значи дека талентираниот македонски кошаркар во следните шест месеци нема да може да настапува за својот клуб Хувентуд, каде плејмејкерот ги мина сите младински категории и сезонава се надеваше и на позначителна минутажа во првиот тим.
Казната се однесува на случувањата од летниот период, кога Димитријевиќ требаше да биде предводник на младинската репрезентација на шампионатот во Бугарија. Тој се појави на подготовките под водство на селекторот Василев, но ги пропушти речиси сите контролни средби, по што не беше дел од тимот ниту на Европското Првенство – Б дивизија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА