Македонската кошаркарска федерација испратила допис до КК Работнички преку кој се забранува играње на натпревари во салата „Градски парк“ до отстранување на недостатоците, со рок за нивно отстранување од 48 часа пред следниот натпревар како домаќини во Супер лигата.
Изненадувачки, сето ова доаѓа на помалку од 48 часа од саботниот натпревар кој претходно беше закажан за в сабота од 19:30 часот во “Градски парк“. Од Работнички веќе лиферуваа и информации и пропагандни материјали околу терминот и местото за одржување на дербито.
Како што информираат до нашата редакција од КК Работнички испратени се до нив и барања кои претходно никогаш не се побарани од останатите клубови.
Соопштението од КК Работнички до редакцијата на ЕКИПА ви го пренесуваме во целост:
Почитувани,
Ви го препраќаме дописот до КК Работнички на Комесарот за натпреварување на МКФ Владо Цветковски.
Дописот содржи апсурдни барања за безбедно и непречено одвивање на натпреварот во салата Градски Парк и сметаме дека се премногу строги со оглед на тоа дека не се бараат од останатите клубови.
Барањата се следните:
-Трибината за домашни навивачи да биде празна
-Просторот над гостинската екипа да биде празен
-Главната трибина спроти записничката маса да има доволен број на редари, односно првиот ред од публиката ќе биде пополнет со редарска служба, за да се заштитат играчите на теренот од плукање и фрлање на предмети.
-Исто така изразена е и забрана за играње на натпревари во салата Градски Парк до отстранување на недостатоците, со рок за нивно одстранување од 48 часа пред следниот натпревар како домаќини во супер лигата.
Ние од КК Работничи изразуваме длабоко несогласување кон овие правила кои се многу строги и радикални, додека од другите клубови не се поставуваат истите услови.
Ние како КК Работнички ќе понудиме предлог како овие проблеми да се отстранат и да се одвива натпреварот во салата Градски Парк непречено, бидејќи кошарката се игра за публиката и нејзините фанови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА