Гостивар ќе треба да плати 80.000 денари за инцидентот што на крајот од полуфиналната пресметка во Купот го предизвикаа Ивица Димчевски и Јурај Сегариќ кога ги нападнаа судиите незадоволни од нивните одлуки во текот на натпреварот кој нивната екипа го загуби од Блокотехна.
Судиите ги пријавиле за недолично и неспортско однесување во записникот од натпреварот. Казната е по 40.000 денари за секој од нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА