Ричард Хендрикс нема да може да настапи за македонската репрезентација на последниот меч од претквалификациите за Евробаскет 2021 против селекцијата на Швајцарија. Тој побарал дозвола поради семејни причини да може веднаш по завршувањето на сезонава да замине за САД, што со оглед на обезбедниот пласман во следната квалификациска рунда му било дозволено од страна на раководството на МКФ.
Воедно, од МКФ најавија дека ќе ги разгледуваат останатите опции за натурализирање на нов кошаркар во националниот тим во блиска иднина,
„Се надеваме дека позитивната страна на оваа незавидна ситуација ќе биде шансата на младите таленти на Македонија да се истакнат и да дојде до израз нивниот талент. Секако, Македонската кошаркарска федерација, ќе мора да ги разгледува и сите можни опции доставени од некои странски менаџери и клубови за врвни играчи на таа позиција поради возраста на Ричард Хендрикс кој во блиска иднина ќе стави и крај на репрезентативната кариера“ – порачуваат од МКФ.
Центарскиот дел од тимот ќе биде значајно ослабен ако се знае дека покрај Хендрикс селекторот Давитков во тимот ќе го нема ниту Младеновски, кој заработи незгодна повреда при настапот за Илирија во шампионатот на Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА