МКФ потврди: Американката Бонер доби македонски пасош

Македонската женска кошаркарска репрезентација од денес е посилна за американската кошаркарка, Дјуана Тенис Бонер која официјално доби македонско државјанство и ќе може да настапува за нашата селекција. Бонер е трета натурализирана кошаркарка која ќе настапи во „црвено-жолтиот“ дрес, по Криси Гивенс и Ешли Парис.

30-годишната Амерканка пристигнува како кошаркарка со богата кариера, во која брои титули од WNBA и огромно искуство на европско тло играјќи во ФИБА Евролига. Бонер ќе биде исклучително засилување во ноемврискиот прозорец кога нашата национална селекција во женска сениорска конкуренција ќе ги одигра двата последни натпревари во рамки на квалификацискиот циклус за Евробаскет 2019.

 

Дјуана Бонер ќе биде денешен гостин на натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Шкупи во женската конкуренција до 18 години. Натпреварот ќе се одигра во малата сала на „Кале“ со почеток во 18 часот.

Се вчитува...