Првата кошаркарска лига во претстојната сезона ќе брои десет екипи, потврди Македонската Кошаркарска Федерација. Ова значи дека првенството ќе помине без екипите на Шкупи и на Водњански Лисици, кои не се пријавиле, односно не ја платиле потребната котизација за учество, информираат од федерацијата. Комисијата за итност при МКФ донесе одлука за бројот на екипи-учеснички во Првата односно услови за влез во Првата лига во машка сениорска конкуренција за идната сезона (2019/2020).
По непријавувањето на екипата на КК Водњански Лисици и некомплетната документација на КК Шкупи (уплата за котизација), Комисијата донесе одлука Првата лига мажи за натпреварувачката сезона 2018/2019, да брои десет екипи.
Двете последнопласирани екипи од Плејаут лигата ќе се надигруваат по бараж-систем со двете најдобри екипи од Втората лига мажи за опстанок односно влез во Првата лига мажи за сезоната што следува односно 2019/2020. На натпреварите од баражот не е дозволен настап на странски играчи. Се донесе и одлука за намалување на висината на казната за техничките грешки, но и воведување на казна во форма на суспензија на играч или тренер со одреден број на натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА