МКФ со дресови за збогум за Митрашиновиќ и за Трајчевска

Македонската Кошаркарска Федерација во пресрет на денешниот квалификациски меч со Хрватска им изрази јавна благодарност на долгогодишните репрезентативки, Анџелика Митрашиновиќ и Нена Трајчевска, за нивниот придонес за националниот тим во изминатиот период.

Нешто „поискусната“, Анџелика Митрашиновиќ му кажа „збогум“ на активното играње на кошарка во текот на оваа натпреварувачка сезона. Се прости од националниот тим како најдобар стрелец во овој квалификациски циклус, во кој ги одигра последните три мечеви за сениорската селекција чиј дел беше цели 15.години.

Почнувајќи од Европското првенство за „мали земји“ во 2012 година, преку квалификациите за Европските шампионати во 2013, 2014, потоа и во 2019, 2023 и 2025 година, пред овие последните во кои оствари просечни 17.3 поени, 9.7 асистенции и 7.7 скока. Во својата долга репрезентативна кариера (од 2012 до 2027 година), Митрашиновиќ одигра вкупно 32 натпревари за сениорскиот национален тим, во просек бележејќи по 12.2 поени,  четири скока и 3.2 успешни додавања по натпревар.

Својот репрезенттивен пат Нена Трајчевска го започна уште во 2010 година, како дел од кадетската репрезентација на Македонија. Во оној младински „стаж“ долгогодишниот капитен на нашата најдобра селекција го помина играјќи на уште три младинсми евро-шампионати (во периодот од 2011 до 2013 година). Дебито за сениорската селекција го имаше во втората квалификациска рунда за женскиот Евробаскет во 2014 година. њ

По пауза од скоро пет години, се врати во националната селекција со настапите во европските квалификации во 2019 година.

Беше дел од тимот и во наредните… Оние во 2023 година, а своите последни шест мечеви за националниот тим, Трајчевска ги одигра во ланскиот циклус, по чие завршување одлучи да се прости со играњето во дресот со државниот грб.

Се вчитува...