МКФ со сооштение: Осуда за националистичкото однесување на мал дел од навивачите

Раководството на МКФ преку соопштение јвно го осуди навивањето на дел од фановите на синоќешниот дуел во Куманово, на кој нашиот национален тим беше поразен од селекцијата на Романија.

Соопштението од македонската куќа на кошарката го пренесуваме во целост…

Раководството на Македонската кошаркарска федерација се оградува и го осудува непримерното и националистичко однесување на мал дел од навивачите на натпреварот Македонија-Романија, одигран на 2. август, 2025 година во Куманово.

„Таквите постапки не го претставуваат духот, вредностите и идентитетот на нашата федерација, ниту го отсликуваат мнозинството од нашите навивачи, кои секогаш ке бидат пример за спортска култура и поддршка.

Националистички пароли, говор на омраза и поттикнување нетрпеливост немаат место ниту на трибините, ниту во спортот воопшто. Ги повикуваме сите навивачи да се воздржат од слични постапки во иднина, и да дадат свој придонес во создавање на позитивна, безбедна и инклузивна атмосфера на стадионите и салите.

Истовремено, секогаш ќе соработуваме со надлежните институции за идентификација на инволвираните лица како во иднина не би се случувале вакви изолирани настани.

Жалиме што еден таков настан, кој од домаќински и организационен аспект доби највисоки пофалби, сепак од една занемарлива структура на не/навивачи се искористи за  НЕСПОРТСКИ потреби.

Повторуваме: спортот обединува – не дели. Нашата заедничка цел е фер натпревар, меѓусебна почит и достоинствено претставување на нашите бои“.

Се вчитува...