МКФ со жестока казна за Пелистер по Купот на Македонија

Македонската Кошаркарска Федерација изрече жестоки казни на КК Пелистер по четвртфиналниот дуел со Куманово што го одбележаа низа контроверзни судиски одлуки, но и инцидент на трибините и повлекување на битолскиот клуб од теренот.

„Пелистерци“ се казнети со 60.000 денари за самоволно напуштање на терен, потоа и 10.000 денари за јавните критики што битолчани ги упатија по контроверзната арбитража на судиската тројка. Згора на тоа, тренерот Даскаловски е казнет со 9.600 денари за двете технички гречки, а службениот претставник Марјан Илиевски со 3.200 денари. Српскиот кошаркар на Пелистер, Никола Малешевиќ, ќе треба да плати 20.000 денари откако беше пријавен од службените лица за своето однесување.

Иста казна ќе треба да плати и Џастин од ТФТ, кој исто така бил пријавен од судиите по полуфиналниот меч со Куманово, на кој скопскиот клуб исто така имаше замерки за арбитражата, за што ќе треба да плати дополнителни 10.000 денари.

Малку несоодветно, казна за коментар на судење е 10.000 денари, но затоа домаќинот Куманово ќе плати само 6.000 денари повеќе за неспортско и расистичко навивање, нешто дефинитивно остави црна дамка на куп-завршницата, особено по реакцијата на Гил од МЗТ Скопје.

Ако на нешто треба да се стави крај, тоа е на ваков примитивизам од трибините, без разлика во која сала се случува, па затоа е време да се реагира – казните за ваквите појави да бидат далеку поригорозни.

Се вчитува...