МКК Куманово без проблеми против Ангели во Купот на Македонија

Кошаркарите на МКК Куманово се пласираа во четвртфиналето на националниот Куп на Македонија откако вечерва во првата осминафинална пресметка ја оправдаа фаворитската улога против Ангели славејќи на домашен терен со убедливи 95-65.

Кумановци тргнаа фуриозно уште од самиот старт на мечот па веќе по десет минути игра имаа убедлива предност од 31-12. Во преостанатиот дел тие само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 95-65.

Во четвртфиналето МКК Куманово за противник ќе го има битолски Пелистер.

Се вчитува...