МКК Куманово го „преслуша“ Кожув

Koшаркарите на МКК Куманово стигнаа до важен триумф во што подобра позиција пред плеј-офот во Првата лига откако вечерва на домашен терен во 17. коло славеа над Кожув со убедливи 99-69.

Кумановци уште од самиот старт тргнаа силно во одбраната па брзо стигнаа до осум поени разлика 21-13. Во продолжениот од мечот разликата само се зголемуваше за конечни 99-69.

Урош Луковиќ со 19 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Андрија Стевановиќ постигна 14 поени.

Се вчитува...