МКК Куманово лесно против „фенерџијата“ Ангели

Кошаркарите на Куманово ја прекинаа серијата од три порази во низа откако вечерва славеа на гостувањето кај „фенерџијата“ Ангели со 70-99 во натпревар од 15. коло од новата сезона во Суперлигата на Македонија.

Кумановци тргнаа фуриозно уште од самиот старт и веќе по десет минути игра имаа убедлива предност од 14-30. До крајот на натпреварот разликата само се зголемуваше за конечен триумф на избраниците на Марин Докузовски од 70-99.

Андрија Стевановиќ со 28 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Андреј Настовски постигна 21 поен.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...