МКК Куманово потпиша договор за соработка со Партизан

Новиот кошаркарски прволигаш МКК Куманово денеска потпиша договор за соработка со белградски Партизан. Според српскиот тим, соработката е во доменот на едукацијата и унапредување на сите сегменти во работата на двата клуба.

Договорот е на три години, а од страна на македонскиот клуб присуствуваа претседателот Ненад Стојановски и директорот Андреја Маџовски.

„КК Партизан Моцарт Бет и МКК Куманово потпишаа тригодишен договор за соработка во областа на образованието и усовршување во сите сегменти од работата на кошаркарските клубови. На средбите во Белград, во име на амбициозниот клуб од Македонија, присуствуваа претседателот Ненад Стојановски и директорот Андреја Мајовски, кои јасно ги истакнаа амбициите на МКК Куманово кон многу повисоки цели од сегашните.

Соработката со клубот од Првата лига на Македонија ќе придонесе за развој на регионалната кошарка и зајакнување на врските меѓу пријателските клубови и држави. Во МКК Куманово моментално настапуваат двајца поранешни кошаркари на Партизан, центарот Урош Луковиќ и плејмејкерот Тадија Тадиќ.

Како што е договорено, оваа соработка ќе се реализира преку заеднички едукативни програми и проекти, на начин што нема да го попречува функционирањето на редовните активности на двата клуба“, стои во соопштението на Партизан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KK Partizan Mozzart Bet (@partizanbc)

Се вчитува...