Кошаркарите на МКК Куманово стигнаа до втората победа сезонава во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа над Гостивар со 71-62 во меч од 5. коло од Првата лига.
Гостите одиграа добро во првиот период и по десет минути игра имаа позитива од четири поени 18-22. Домаќините одиграа неверојатна втора четвртина во одбраната во која на противникот му дозволија само десет поени, а на пауза заминаа со предност од 36-32. Во вториот дел кумановци одиграа далеку подобро од својот противник, па на крајот заслужено стигнаа до конечен триумф од 71-62.
Aнтабија Волер со 18 поени беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените тројца играчи завршија со по 15 поени (Соколов, Митевски и Комагун).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА