Кошаркарите на МКК Куманово се третиот тим кој се пласираше во полуфиналето од плеј-офот во кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Кумановци ја добија четвртфиналната серија против Кожув со 3-1 откако вечерва направија брејк во Гевгелија славејќи со 67-82.
Урош Луковиќ со 25 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Карен Вилсон постигна 17 поени.
Во полуфиналето МКК Куманово го чека серија со актуелниот шампион МЗТ Скопје кој со 3-0 беше сигурен против Феникс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

