Тимот на МКК Куманово е главен фаворит за влез од Втората во Првата кошаркарска лига, оваа екипа веќе има перфектни 7-0 по првите седум одиграни рунди, а кумановци во меѓувреме се решија дополнително да го засилат игракиот ростер.
Нов член на оваа екипа е Александар Штерјов, поранешниот македонски репрезентативец висок 206 сантиметри кој сигурно ќе биде од огромна помош за тренерот Докузовски во борбата под обрачите. Штерјов ја почна сезоната како член на Чаир, по заминувањето од овој клуб имаше неколку понуди, но на крајот се реши да ја прифати онаа на МКК Куманово.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА