Млад француски фудбалер осуден на две години условно за убиство од небрежност

Фудбалерот на Рен, 18-годишниот Матис Ламбур е осуден на две години условно за фатална несреќа која ја предизвикал возејќи електричен скутер.

Имено, младиот Французин на 23. јуни оваа година со електирчен скутер на пешачки дел се судил со 51-годишна жена која шест дена подоцна и подлегнала на повредите.

Од почетокот на месец јули Ламбур е ставен под судски надзор и процесиран за убиство од небрежност, а судењето одржано на 23. август во Рен му пресуди условна казна од две години.

Се вчитува...