Млад фудбалер по грешка убиен пред неговата куќа

Голема трагедија се случи во Гвајакил, Еквадор каде е убиен младиот фудбалер Едвин Еспиноза. 20-годишникот кој беше член на Гвајакил Сити е застрелан пред својата куќа, по што поради тешките повреди веднаш починал.

Еспиноза тренирал пред својот дом како би останал во форма во текот на изолацијата. Тој дошол во конфликт со разбојниците кои по кратка расправија го застрелале. Еквадорските медиуми пренесуваат дека тој по грешка е убиен, бидејќи не ни бил мета на се уште непознатите разбојници.

„Еспиноза беше неверојатна личност. Сите во клубот го почитуваа. Уште како дете тој дојде во нашиот клуб. Како што успеавме да дознаеме, не бил мета на разбојницте, тие се збуниле кога го виделе и затоа го убиле. Тоа е најголемата трагедија во ситуацијата“, изјави спортскиот директор на клубот, Карлос Франко. 

Се вчитува...