Млад играч на АП Брера со трансфер во Словачко

Младиот и талентиран фудбалер, 18-годишниот Здравко Перески, кој досега ги бранеше боите на АП Брера, во иднина ќе настапува за тимот на Словачко од Чешка.

Перески потекнува од младинската школа на Академија Пандев (сегашна Брера), и за него ова е прв интернационален предизвик. Најпрво ќе настапува за младинскиот тим на оваа земја, а потоа ако се наметне, да биде прекомандуван во сенироската екипа на Чесите.

Перески игра на средината на теренот, може да игра како централен играч за врска, но и како офанзивен, а исто така може да игра и како крилен фудбалер во офанзивниот дел од теренот.

Тој има настапи за помладите селекции на Македонија.

Се вчитува...