Млад кошаркар го нарече Леброн старец, „Кралот“ му „спакува“ 48 поени (ВИДЕО)

Леброн Џејмс ја продолжи доминацијата во НБА лигата и на натпреварот против Хјустон во кој го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа со 48 поени, 9 асистенции и 8 скока. За „Кралот“ тоа е нов поентерски рекорд на сезоната откако реализираше 47 поени на својот 38. роденден.

Џејмс воедно имаше и интересен разговор пред почетокот на мечот кој му донесе и поголема мотивација. Имено, нему му приде Џабари Смит Џуниор, младиот кошаркар на Хјустон кој го потсети дека во првиот меч од НБА кариерата настапил против неговиот татко.

„Зошто ми го правиш ова“, низ смеа кажа Џејмс. „Се чувствуваш старо, нели?“, му возврати Смит.

Се вчитува...