Младиот шпански фудбалер, 18-годишниот Алваро Прието кој исчезна пред три денови денеска беше пронајден мртов помеѓу два вагони на мостот Кармона во Кордоба каде и настапуваше во младинските категории.
Засега останува мистерија како телото на Прието се нашло на ова место, но утврдено е дека станува збор за несреќен случај со оглед на тоа што младиот Шпанец бил погоден од струја. Претпоставките се дека се обидел да помине помеѓу двата вагони кои не се во употреба, но доживеал струен удар кој оставил фатални последици.
Телото е најдено од страна на локалниот новинар Алберто Каталан кој за утринскиот програм се јавил во живо од местото каде исчезнува трагата на Прието. Трагичната приказна има и мистерозен дел со оглед на тоа што само ден претходно истиот терен бил детално истражен од страна на спасители и кучиња трагачи, но ниеден од нив не го открил телото на 18-годишникот.
Alvaro Prieto 🕊️😔
Rip 🤲#RIP pic.twitter.com/Gk0EWcvc4H— youngfootballs (@youngfootb87921) October 16, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

