Млад талент на Црвена Звезда пред преселба во Астон Вила (ВИДЕО)

Младиот фудбалер на Црвена Звезда, Коста Недељковиќ се наоѓа пред трансфер во редовите на англискиот премиерлигаш Астон Вила кој оваа сезона блеска во најсилното фудбалско натпреварување на „Островот“, но и во Лига Европа.

Очекувањата се дека трансферот на 18-годишниот лев бек ќе го чини англискиот клуб девет милиони евра, а преселбата на Недељковиќ нема да се случи оваа зима, туку тој ќе остане во Црвена Звезда како позајмен играч до крајот на сезоната.

Се вчитува...