Младата мотоциклистка Тајла Мекатчеон минатата сабота се здобила со страшна повреда на тренинг за мотокрос. За време на тренинг во Мелбурн изгубила контрола над возилото, по што не успеала да закочи во кривина и паднала удирајќи со главата на земја.
Тајла ги скршила речиси сите коски на лицето… По несреќата била префрлена во болница. Тајла успеа да им се обрати и на своите фанови, и рече дека најважно е што воопшто е жива.
„Среќна сум што се уште сум жив. Не можев да застанам на време, па излегов од патеката и удрив со лицето на земја. Мојот шлем беше полн со крв, синусите уништени, двата очни отвори скршени, левата јаболкница, левата страна на вилицата, горната вилица. Сè е скршено“, изјави Мекатчеон.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА