Андре Агаси не ги криеше своите емоции кога слушна што мисли за него младата тениска надеж, српско-американската тенисерка Ива Јовиќ.
Легендарниот Американец реагираше пред камерите откако тинејџерката го избра за идеален соговорник за вечера од тенискиот свет, а нејзините зборови очигледно длабоко го трогнаа.
„Би рекол Андре Агаси. Мислам дека начинот на кој зборува за тенисот и животот е многу интересен и освежителен и се чини дека има одлична перспектива за сè. Мислам дека би било навистина кул да го слушам и би било многу едукативно. Мојот тренер секогаш ме тера да слушам што зборува“, рече Ива Јовиќ.
Потоа Агаси го сподели видеото и неговата реакција, заедно со кратка порака:
„Никогаш не очекувате младите играчи да го кажат ова.“
Ива Јовиќ, која има 18 години, моментално е рангирана на 17. место на ВТА листата и веќе го привлече вниманието на тениската јавност. Минатата година ја освои својата прва ВТА титула во Гвадалахара, а оваа сезона продолжи со одлични резултати.
На Отвореното првенство на Австралија, таа стигна до четвртфиналето, со победи над повисоко рангирани ривалки како што се Јулија Путинцева и Јасмин Паолини.
Овој привлечен момент покажа колку силно влијание имаат големите легенди врз новите генерации – дури и за тенисерки кои штотуку го создаваат своето име на светската сцена.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

