Челси ова лето се соочи со голем број заминувања од тимот, а очекувањата се дека листата која веќе брои 14 фудбалери ќе се продолжи со најмалку уште еден играч од средниот ред. Станува збор за Конор Галагер за кој постои сериозен интерес од лутите градски ривали Тотенхем и Вест Хем Јунајтед.
За услугите на 23-годишникот интерес прво покажа Тотенхем, а во приказната се влучија и „чекичарите“ кои ова лето останаа без својот најдобар играч – Деклан Рајс кој оствари сто милионски трансфер во редовите на Арсенал. Во Галагер се гледа како негова замена.
Галагер потекнува од младинската школа на Челси, а дебито во „синиот“ дрес го имаше во 2019 година. Оттогаш одигра 45 натпревари по кои не успеа да го загарантира своето место во тимот. Неговиот трансфер се проценува околку 30 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

