Младата репрезентација на 14. декември во Охрид закажа пријателски дуел со Работнички

Младата репрезентација на Македонија на 14. декември на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид ќе одигра пријателски натпревар со прволигашот Работнички.

Селекторот на младата селекција, Благоја Милевски се одлучи крајот на есенскиот дел од сезоната да ги заокружи со тест дуел главно за фудбалери кои настапуваат на домашната фудбалска сцена, а се потенцијал за место во националниот тим.

Натпреварот на СРЦ „Билјанини извори“ ќе се одигра на 14. декември со почеток од 13 часот. Подготовките на репрезентацијата ќе се реализираат во Охрид, почнувајќи од 10. декември кога е закажан првиот собир на Благоја Милевски.

Се вчитува...