Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 21. до 26. септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Хрватска.
Покрај нашата селекција, ќе учествуваат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска. Место на одигрување на контролните натпреварите ќе биде Свети Мартин на Мура.
Македонската селекција првиот натпревар го игра против Албанија на 23. септември. На 26. септември дополнително ќе биде утврдено која од селекциите на Хрватска и Саудиска Арабија ќе биде нашиот следен противник.
Новата генерација на Македонија до 21 година во јуни месец одигра два контролни меча на домашен терен против селекцијата на БиХ. На двата натпревари избраниците на селекторот Драги Канатларовски забележаа победа со 2-1 и 1-0.
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година е закажан на 18. септември во хотел Парк во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА