Фудбалскиот сојуз на Србија се одлучи за смена на селекторот на младата репрезенација Звонко Живковиќ. Живковиќ ја предводеше селекцијата на гостувањето во Охрид пред еден месец, и одигра 0:0, но смената дојде по поразот од Франција на домашен терен од 0:3 завчера.
Тоа значи дека Србија со нов селектор ќе ја пречека Македонија во март идната година. За селектор е назначен Александар Рогиќ, поранешен селектор на помладите селекции на Србија.
Покрај Србија и Франција, во нашата група се уште и Ерменија, Украина и Фарски Острови.
Србија освои само четири бода од четири натпревари, а Македонија има пет заедно со Фарски Острови. Украина е второпласирана со девет бода, додека Франција прва со 10 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА