Младата репрезентација на турнир во Полска како финална подготовка за Светското првенство!

Младата македонска ракометна репрезентација заминува на меѓународен турнир во Варшава, Полска, каде што ќе одигра два пријателски натпревараи против Саудиска Арабија и Јапонија.

Во рамките на подготовките за Светското првенство за младинци (У-21) кое ќе се одржи во Катовице, Полска, е реализацијата на турнирот во Полска.

На Светското првенство Македонија е дел групата Ф, заедно со репрезентациите на Исланд, Фарски Острови и Романија. Првиот натпревар го играме на 18 јуни (14 часот) против Фарските острови, а потоа на 19 јуни (14 ч.) е дуелот со Романија и на крај на 21 јуни (14 ч) пресметката со Исланд.

Националниот тим на престојното светско првенство ќе биде без повредените Самоил Ристовски и Дамјан Митев.

Се вчитува...