Младата репрезентација ремизираше без голови со Азербејџан на вториот тест во Анталија

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 години ремизираше без голови против соодветната селекција на Азербејџан во вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија.

По претходниот пораз од Белорусија од 1-3, избраниците на Горан Станиќ одиграа без голови со Азербејџанците.

Македонија беше подобар противник на теренот, имаше иницијатива, посебно во првото полувреме, но не успеа да го најде патот до погодокот на крајот „турнеата“ во Анталија завршувајќи ја со пораз и реми во дебитот на Станиќ на клупата на националниот тим до 21 година.

Се вчитува...