Младата репрезентација со убедлив триумф против Работнички во Охрид (4-0)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 20 години предводена од Благоја Милевски со убедлива победа од 4-0 (1-0) против Работнички го заокружи декемврискиот подготвителен собир во Охрид.

Стрелци на головите за Македонија беа Сефер Емини во првото полувреме, односно Емир Скендери, Марио Илиевски и Јован Манев во второто полувреме.

Селекторот Благоја Милевски шанса им даде на сите фудбалери и скои беа дел од подготвителниот камп во Охрид.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

МАКЕДОНИЈА (У-20) – РАБОТНИЧКИ 4-0 (1-0)

СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

МАКЕДОНИЈА: Денковски, Велковски, Младеновски, Јахја, Воша, Тошевски, Махарем, Бериша, Димоски, Емини, Илиевски. Уште играа: Манев, Трајкоски, Османоски, Скендери, Наумчески, Ивановски

РАБОТНИЧКИ: Николоски, Пановски, Спасовски, Андовски, Кордоба, Ацковски, Јевтоски, Лазаров, Редев, Андрески, Фазлиу. Уште играа: Герасимовски, Мелов, Масевски, Јовановски, Чурлинов, Ајдини, Додевски, Станковски, Костовски, Дишлиески, Имери

Се вчитува...