Младата репрезентација на Македонија се најде во група со селекциите на Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарските Острови за квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година.
Денешната ждрепка во УЕФА сакаше, Македонија која беше извлечена од четвртиот квалитативен шешир, да се најде во Групата 6 во која е една од најдобрите светски селекции во оваа возрасна категорија, Шпанија со која минатата година се соочивме и на ЕП во Полска.
Натпреварите од квалификацискиот циклус стартуваат на 18. март следната година, а дополнително ќе биде определен распоредот на истите.
Согласно правилата на УЕФА, првопласираните селекции од сите квалификациски групи одат директно на континенталниот собир кој што ќе го организираат Унгарија и Словенија во 2021 година. А двете најдобро второпласирани репрезентации ќе играат во баражот кој што ќе се одигра во ноември 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА