Младата селекција на „Арената“ на „мегдан“ со фаворитот Франција!

Младата репрезентација на Македонија вечерва го игра шестиот натпревар во квалификациите за пласман на Европско првенство. Фаворитот Франција доаѓа на мегдан во Скопје. Иако важи за огромен фаворит, „ремито“ со Фарски Острови на гости ветува дека и Французите знаат да направат „кикс“, иако важат за апсолутни фаворити во групата.

Македонија единствениот пораз го доживеа токму од Франција на гости, додека има три ремија (со Украина, Србија и Фарски Острови) и една победа над Ерменија на гости.

Избраниците на Драган Канатларовски се подготвени за денешниот предизвик против фаворитот. Популарниот Цапар признава дека Франција е фаворит, но дека момците со нетрпение го очекуваат натпреварот, во надеж дека ќе продолжи серијата без пораз во квалификациите.

„Франција е апсолутен фаворит во оваа група, силна репрезентација која располага со голем фонд на играчи кои имаат голем потенцијал и настапуваат во најсилните лиги низ Европа. Првиот натпревар против нив таму го загубивме убедливо со 3:0, но на претходните четири натпревари успеавме да останеме непоразени. Се надеваме дека серијата без пораз ќе ја продолжиме и против Франција. Играме на домашен терен, пред домашна публика, сите со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Момците имаат голема желба, подготвени сме и физички и психички за голема борба во сите 90. минути. Одработивме одлични подготовки, напредуваме од меч во меч, а тоа се виде и на дуелот со незгодната селекција на Украина. Оваа репрезентација е подготвена да се надигрува и натпреварува со секоја селекција.“, вели селекторот Канатларовски.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2023 – ГРУПА Х

17 ч.: Украина – Србија

18:30 ч.: МАКЕДОНИЈА – Франција

Се вчитува...