Селекторот на младата репрезентација на Србија, Горан Ѓоровиќ го соопшти списокот репрезентативци за квалификацискиот натпревар со Македонија кој на 7. септември го играме на гостински терен.
Откако претходно списокот фудбалери на кои ќе смета за пресметката го соопшти и новиот македонски селектор Добринко Илиевски, сега и Ѓоровиќ нагласи дека повикан е најквалитетниот состав затоа што не сака никакво опуштање пред пресметката со Македонија и покрај тоа што ја носат фаворитската улога.
На списокот на Ѓоровиќ се и Марко Грујиќ од Херта, па Милан Гаиќ и Вујашин Јовановиќ од Бордо, Лука Јовиќ од Ајнтрахт, Иван Шапоњиќ од Бенфика, но и младите ѕвезди од домашниот шампионат…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА