Mладата Смит по стапките на Дресел – Урнат светскиот рекорд и на 200 метри грбно

Продолжува доминацијата на американските пливачи на шестиот ден на Светското првенство во пливање во корејскиот Гвангжу. Десетина минути по уривањето на рекордот на 100 пеперутка на Калеб Дресел, неговата сонародничка Реган Смит постави најдобро време на 200 метри грбно.

Тинејџерката во полуфиналето постави време 2:03.35 стотинки, што е за 71 стоти дел од секундата подобро од досегашниот светски рекорд кој беше во сопственост на Миси Френклин. Финалната трка на 200 метри грбно кај дамите е закажана за утре.

 

Се вчитува...