Злато за младата таеквондо репрезентативка Ведрана Тунески на Е2 Тирана Опен во кадетска категорија до 41кг. Четири фуриозни победи на Е2 најсилно рангиран младински таеквондо турнир во светското младинско олимписко таеквондо и донесоа злато на нашата Тунески.
Ведрана Тунески е бронзен медалист од Европско пионерско првенство, а денеска во Албанија во финале успеа да ја совлада најдобрата таеквондистка на планетата во нејзината категорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА