Женската репрезентација на Македонија за фудбалерки до 19 години денеска и официјално ги започна подготовките во Скопје за претстојните два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора кои се играат на 17. и на 19. февруари во Подгорица.
Првиот контролен меч на програмата е на 17 февруари со почеток од 13 часот. Два дена подоцна предвиден е вториот контролен дуел помеѓу овие две репрезентации со почеток од 11 часот.
Селекторот на младата селекција на Македонија, Астрит Мерко за двете контролни против Црна Гора средби се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Кристина Павловска – Шкендија
Миа Петровска – Бохум, Германија
ОДБРАНА:
Матеа Блажеска – Љуботен
Катарина Петкова – Истатов
Слаѓана Ѓорѓиева – Тиверија
Рона Рустеми – Шкендија
Ева Конева – Истатов
Стефанија Веселинова – Каменица
СРЕДЕН РЕД:
Сара Мена – Ас Јунајтед
Васка Василева – Тиверија
Теодора Далчевска – Ас Јунајтед
Ива Јосифова – Тиверија
Миа Велинова – Скопје
Ана Боризоска – Речича
Никица Трендова – Скопје
НАПАД:
Веса Села – Ас Јунајтед
Билјана Панеска – Тиверија
Ева Андонова – Каменица
Јована Павловска – Цевитана
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА