Младата ѕвезда на Реал Мадрид во „аут“ на неодредено време

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Франко Мустантуоно нема да биде дел од тимот на неодредено време поради повреда на препоните, односно спортски кила, пренесуваат шпанските медиуми.

Осумнаесетгодишниот фудбалер кој оваа сезона настапи на 12 натпревари не беше дел од тренингот на Реал Мадрид по што славниот клуб официјално соопшти за неговиот медицински проблем.

Аргентинецот го засили Реал Мадрид изминатото лето од Ривер Плата.

Се вчитува...