Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати би можел да си замине од Барселона на крајот од оваа сезона. Крилниот играч не е задоволен од минутажата која ја добива од тренерот Чави, и ако ситуацијата не се смени, размислува за напуштање на „Ноу Камп“.
Агентот Жорге Мендеш веќе го информирал клубот дека ќе размислат за заминување, доколку ситуацијата околу минутажата на играчот не се промени.
Раководството на Барселона, пак, не е вознемирено од ултиматуми, со оглед дека Фати е „врзан“ со договор до 2027 година, а откупната клаузула му изнесува 1 милијарда евра.
19-годишниот играч оваа сезона во Примера запиша 11 настапи за Барса, и одигра 364 минути на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

