Младеновска: Не смее цел да ни биде само пласманот на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги почна подготовките за Европското првенство кое што во декември ќе се игра во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Нашите дами немаа среќа во ждребот, бидејќи во групата во Дебрецин ќе се сретнат покрај со домаќинот уште и со Шведска и Турција. Најмладата во репрезентативниот дрес Ива Младеновска даде свое мислење за нејзините очекувања од настапот на континенталниот собир.

„На европско првенство гледам како голема шанса да се покаже што и колку можеме и какви квалитети имаме како екипа, а исто и јас како поединец. Еден вид на предност е тоа што не сме фаворити, добро е да играш без преголем притисок на едно вакво натпреварување, сметам дека можеме добро да се снајдеме во улога на изненадување. Верувам во нашите квалитети и мислам дека со напорна работа и желба може да се носиме со секој противник. Лично моја цел не е само пласман на ЕП, сметам дека секогаш треба да имаш високи цели, па доколку сите така размислуваме а верувам дека е така, сигурна сум во можност за позитивен резулатат“, изјави Младеновска. 

Се вчитува...